Компанијата Blue Origin повторно го покрена својот бизнис со вселенски туризам.
Blue Origin успеа да го заврши својот седми лет во вселената, одведувајќи шест нови патници, а ова е вкупно 25-ти лет на компаниујата со леталото New Shepard.
Екипажот бил составен од Мејсон Ејнџел, Силвиан Хирон, Кенет Хес, Керол Шалер, Гопи Таокатура и поранешниот капетан на воздушните сили, Ед Двајт, кој во 1961. година станал првиот црн кандидат кого прест5едателот Џон Кенеди го избрал од кандидатите за астронаути.
Blue Origin и New Shepard досега во вселената испратиа вкупно 37 луѓе, вклучувајќи го и седашниот екипаж. Иако цената на летото не е објавена, според документите објавени пред неколку години, летот со New Shepard до висина од над 100 км ќе чини од 200.000 до 400.000 долари.
Иако од Blue Origin најавуваа и орбитални туристички летови, до тоа уште не дошло, нп сега се прилично зафатени со развојот на својот лендер за Месечината, кој NASA го нарача за мисијата Artemis.