Во текот на изминатите години, стапките на освежување на екранот значително се зголемија, а сега имаме дисплеј со рекордна стапка на освежување.
Најбрзите монитори моментно достапни на пазарот нудат стапки на освежување од над 500 Hz, но уште побрзи панели се веќе во подготовка. PC мониторот со највисока стапка на освежување што можете да го купите денес е Asus ROG Swift Pro PG248QP и се работи за 24-инчен FHD LCD мoнитор со стапка на освежување од 540Hz, што е навистина импресивно.
Сепак, оваа недела TCL претстави PC монитор за кој тврди дека има речиси двојно поголема стапка на освежување од Asus ROG мониторот. Прототипот на екранот TCL CSOT беше прикажан за време на настанот DisplayWeek 2024, а она што е најимпресивно е што дисплејот работи во 4K резолуција. Ова ги отфрла очекувањата дека мониторот за освежување од 1000 Hz ќе пристигне со помала резолуција.
4K 1000Hz being shown off at #DisplayWeek2024 by TCL CSOT pic.twitter.com/xc2qsYocxX
— Blur Busters (@BlurBusters) May 15, 2024
Сè уште нема многу детали за овој револуционерен монитор, но се појавија фотографии од X кои го покажуваат неговиот заоблен екран и ултра широк сооднос.