Изненадување ги очекува купувачите на најскапиот модел во iPhone 16 Pro линијата, бидејќи би требало да добие повеќе функции од другите модели.
Најавите дека новата iPhone 16 Pro Max генерација може да добие значително подобрени широкоаголни камери доаѓаат од социјалната мрежа Weibo.
Според овие информации, Apple значително ги подобрува можностите на широкоаголната задна камера на iPhone 16 Pro Max, преминувајќи од скромни 12 MP на моделот 15 Pro Max на многу подобри 48 MP. Овој потег ќе биде придружен со вградување на нов Sony IMKS903 широк сензор од 48 MP, исклучиво на моделот Pro Max, така што и главната и широкоаголната камера ќе бидат значително подобрени оваа година на претстојниот водечки iPhonе модел.
Се чини дека овие надградби се наменети само за најмоќниот модел 16 Pro Max, доколку им се верува на конкретните гласини од Weibo. Претходните шпекулации, според сајтот MacRumors, сугерираа дека и двата iPhone 16 Pro модели ќе добијат ултраширока леќа од 48 MP, па можно е и оние кои ќе го купат iPhone 16 Pro да не бидат разочарани. Друга неодамнешна гласина сугерира дека 16 Pro Max ќе добие поголема батерија што нема да ја има помалиот 16 Pro.
Без оглед на тоа, широкоаголните фотографии продуцирани до iPhone 16 Pro Max треба да изгледаат фантастично, што секако ќе ги задоволи идните сопственици на најдобриот телефон на Apple, пренесува Mashable.