И покрај големиот редизајн што Apple наводно го подготвува за iPhone SE 4, неговата цена ќе биде помала од 500 долари според најновите инсајдерски информации
Најновите извештаи покажуваат дека претстојниот iPhone SE 4 ќе има слична цена на сегашниот модел SE, и покрај тоа што наводно ќе добие голем редизајн, што може да претставува сериозна конкуренција за поевтините телефони со Android. Со оглед на тоа дека iPhone SE 3 чини 429 долари, тоа значи дека и новиот SE модел би можел да остане под границата од 500 долари.
iPhone уредите стануваат сè поскапи, а поевтината iPhone SE линија на Apple игра важна улога на пазарот на почетно ниво. Сегашниот iPhone SE 3 чини 429 долари, што е прилично поволна цена, но со оглед на конвенционалниот дизајн, уредот изгледа скап. Сепак, со преминувањето кон поголем екран кој го покрива целиот преден дел, заедно со Face ID и помоќните внатрешни компоненти, звучи малку нереално дека Apple ќе го задржи истиот опсег на цени.
И покрај ова, инсајдер тврди дека Apple најверојатно ќе ја задржи цената на iPhone SE 4 под 500 долари, што би било многу привлечна цена за крајните корисници, што може сериозно да ја загрози конкуренцијата. Наводно, iPhone SE 4 ќе го има дизајнот на моделот iPhone 14, што значи дека ќе има поголем дисплеј од раб до раб и Face ID сместен во помал исечок на екранот.
Покрај тоа, се наведува дека уредот ќе се префрли од стариот LCD екран на OLED, што е голем плус за буџетскиот iPhone. Конечно, компанијата и тука обезбедува USB-C порт, со што конечно ќе се стави крај на употребата на Lightning портот на iPhone моделите, пишува Wccftech. iPhone SE 4 би требало да излезе следната година, но се уште не е сигурно, ниту официјално, па оваа информација треба да се прифати со резерва.