Новите податоци од компанијата за анализа на пазарот Counterpoint Research покажуваат раст на испораките на паметни телефони во Европа во првиот квартал од годината. Забележан е пораст од 10 проценти на годишно ниво и ова е прв позитивен исчекор од третиот квартал на 2023 година.
Сепак, залихите се далеку под нивоата пред пандемијата и сè уште не е јасно дали може да има тренд кон поодржлив раст. Аналитичарите известуваат за добри перформанси на Samsung, Xiaomi и Honor.
Лидер на пазарот продолжува да биде Samsung со удел од 32 приценти и раст од 7 отсто на годишна основа. Следува Apple со 25% и пад на испораките од 1 отсто, а првата петорка ја комплетираат Xiaomi со 18% (+11%), Realme со 4% (+59%) и Honor со 4% (+67%).
Се забележува дека Samsung ужива голем интерес за Galaxy S24 серијата, а во вториот квартал се очекува позитивен ефект и од новите Galaxy A35 и Galaxy A55. Поради недостаток на нов iPhone SE модел, испораките на Apple ќе продолжат да се намалуваат до дебито на iPhone 16 серијата
Xiaomi се опоравува и има особено добри перформанси во Западна Европа, главно благодарение на Redmi Note 13 серијата.