Мисијата на Women in Tech Macedonia овој пат ја преточуваме во кариререн самит каде ќе ја поддржиме секоја индивидуа на својот пат кон личен и професионален развој и успех. Со почеток во 9:30 часот на 1ви јуни во просториите на Innox ќе се одржи кариерен самит каде се поканети сите заинтересирани да слушнат неколку панели со клучни теми за успешно кариерно развивање, да извлечат знаење и искуства од истиот и секако можноста за вмрежување.
Почнувајќи од тоа како да се навигира професионалниот раст, што после студиите, како до професионално остварување, кои се позициите во ИТ организациите, како да се изгради и одржува личниот бренд и како да се одржува кариерниот прогрес, сите присутни ќе имаат можност да дознаат повеќе за наведените теми и да ги слушнат најважните совети и препораки на овие теми од професионалци во индустријата.
Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани може да се регистрираат на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe…/viewform.
За повеќе детали околу агендата следете не на нашите профили на социјалните мрежи на Facebook, LinkedIn и Instagram.