Вештачката интелигенција веќе е присутна во скоро сите уреди и апарати кои ги користиме во нашето секојдневие, без разлика дали е тоа во нашиот дом или надвор од него. Подолу ќе прочитате како ВИ функциите кај вашата машина за перење алишта можат да ви помогнат да штедите струја, вода, прашок и др., и како храната останува свежа долго време во вашиот паметен фрижидер.
Машина за перење алишта која „размислува“
Примената на вештачка интелигенција е присутна и за перењето и сушењето на вашите алишта. Иако основниот дизајн на машините за перење доживува само помали промени, сепак функционалностите на новите уреди за оваа намена се навистина понапредни. технологијата и дизајнот на компонентите што ја вршат работата се беспрекорни, како и надградбата со паметни функционалности кои ќе овозможат поефикасна работа. Покрај тоа, технологиите Samsung AI Ecobubble и AI Wash мислат и на вашиот џеб, заштедувајќи струја, вода, детергенти.
Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така,дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.
Моделите како машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и А-40% екстра енергетска ефикасност, ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта.
Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката.
Фрижидери за паметно складирање храна
Иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање донесува храна фрижидерот со замрзнувач RB6000D носи. Режимот AI Energy Modeво апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но ипокрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™. Како опција за поголем фрижидер e моделот RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center кој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење,ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси.
За префинетиот дизајн кај овие уреди за домаќинството, Samsung како и секогаш, го дава најдоброто од себе, правејќи ги совршено да се вклопат во секој дом и во секој енетриер.
Повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bottom-mount-freezer/rb6000d-508l-black-doi-rb50dg602eb1eo/