Поради високите цени на деловите и комплицираните дизајни за поправка, Samsung и iFixit го прекинуваат своето двегодишно партнерство
Samsung и iFixit ја прекинуваат соработката по две години. Како што наведува популарна продавница за алатки за поправка на мобилни телефони, причината за прекинот на соработката лежи токму во високите цени на деловите и дизајнот на Samsung, кој е комплициран за поправка.
„Постојано наидувавме на пречки што не натераа да ја доведеме во прашање посветеноста на Samsung да ја направи поправката подостапна. Не можевме да набавиме делови од локалните сервиси по цени и количини што имаа смисла во бизнисот. Цените на деловите беа толку скапи што многу потрошувачи решија да ги заменат своите уреди наместо да ги поправаат“, велат од iFixit.
Од iFixit истакнуваат и дека дизајнот на уредите на Samsung е направен на „намерно фрустрирачки начин“, принудувајќи ги да продаваат батерии и екрани во претходно залепени пакувања, што ги зголемувало трошоците.
Samsung за целата ситуација се огласи преку Android Authority, истакнувајќи дека се горди на својата соработка со iFixit, но дека отсега нудат делови за поправка преку веб-страница Samsungparts.com, која ја покренува друга услуга наречена Encompass. Сепак, и покрај прекинот на соработката, на iFixit и натамѕ ќе можат да се купат комплети за отворање уредите на Samsung.