На претстојната WWDC конференција за програмери закажана од 10 до 14 јуни, Apple ќе го претстави iOS 18 оперативниот систем со нови функции за вештачка интелигенција, вклучувајќи алатка за создавање специфични емотикони и можност за приспособување на почетниот екран
Остануваат само две недели до WWDC конференцијата, каде што Apple ќе го претстави iOS 18 со нови функции за вештачка интелигенција, ажурирања за прилагодување на почетниот екран и многу повеќе. Според новиот извештај, една од новите „одлични карактеристики на вештачката интелигенција“ ќе биде можноста за користење вештачка интелигенција за „создавање специфични емотикони“.
Во најновото издание на својот билтен Power On, Марк Гурман од Bloomberg ги наведува очекувањата за iOS 18 и macOS 15. Покрај функциите за вештачка интелигенција за известувања, Photos, Notes и други апликации, Apple планира алатката за креирање емотикони да биде хит меѓу корисниците.
iOS 18 креира разлилни емотикони за секоја прилика
Гурман пишува: „Особено интересна карактеристика ќе донесе генеративна вештачка интелигенција за емотикони. Компанијата развива софтвер кој може да креира прилагодени емотикони во еден момент, врз основа на она што корисниците го пишуваат. Ова значи дека одеднаш ќе имате сосема нови емотикони за секоја пригода, надвор од каталогот на опции што Apple моментно ги нуди на iPhone и другите уреди.

Apple секоја година додава нови емотикони на iPhone со надградби на iOS. На пример, iOS 17.4 во март додаде неколку нови знаци на емотикони на iPhone. Оваа нова функција на генеративна AI најверојатно ќе значи дека корисниците повеќе нема да мора да чекаат годишни ажурирања за да отклучат повеќе сопствени емотикони.
Покрај тоа, Гурман објави дека iOS 18 ќе им овозможи на корисниците опција да ја менуваат бојата на иконите на апликациите за да го персонализираат почетниот екран. Ажурирањето ќе им овозможи на корисниците и послободно да поставуваат икони за апликации и виџети на почетниот екран, наместо да бидат ограничени на актуелниот , матричен приказ со фиксно порамнување на иконите, пренесува 9to5mac.
Apple склучил договор со OpenAI за интегрирање на ChatGPT во iOS 18


