Пред точно осум години, во срцето на Балканот, односно во центарот на градот Скопје, започна испишувањето на една успешна хотелска приказна, чии страници, се исполнети со успех, лидерство, доследност, гостопримство, грижа, почит, солидарност и човечност.
Исклучителна посветеност за незаборавно хотелско искуство кај секој гостин и негување на вистинските вредности на глобалниот бренд, Скопје Мериот Хотел стана синоним за врвно гостопримство и гордо одбележува осум години постоење. Скопје Мериот Хотел слави многу повеќе од гостопримство и извонредност.
Низ сите овие години, професионалниот тим на хотелот вложува многу труд, љубов и ентузијазам и затоа денес, им претставува гордост што се дел од секој успех. Благодарение на Скопје Мериот Хотел, Македонија влегува во светската хотелска мапа, а Скопје е буден сведок на сите урбани настани и активности.
За осмата роденденска агенда, се подготвија низа активности, преку кои одново е докажана безрезервната лојалност кон гостите, вработените во хотелот, но и кон целото општество и затоа, Скопје Мериот Хотел прослави осум години постоење со единствена желба – „Светот може да биде поубаво место за живеење“.
„Прославуваме, се грижиме, негуваме“ е слоганот на овогодинешниот роденден, затоа што активностите, ја рефлектираат свесноста за општествената одговорност и токму поради тоа, Скопје Мериот Хотел е причина за многу детски насмевки, сигурност за бездомните шепасти пријатели и поголемо зеленило низ Скопје.
Првата општествена одговорна активност, пренесува силна порака за посветеноста на Скопје Мериот Хотел кон еколошката одржливост, но и кон општото добро за локалната заедница, па во рамките на роденденска прослава ќе бидат засадени „Мериот“ дрвја, во паркот Гази Баба во Скопје. На овој начин, тимот од хотелот ќе искаже особена благодарност кон градот и кон локалните жители и им остави зелено богатство, кое ќе им служи и на многу идни генерации. Роденденската мисија продолжува со донирање „Мериот“ куќички за бездомните кучиња, затоа што секој заслужува дом, топлина и сигурност.
Осумте свеќички на роденденската торта на Скопје Мериот Хотел, ќе донесат радост за децата од домот за деца без родители и ќе изнудат многу искрени детски насмевки. Со оваа активност, целиот тим на хотелот ќе ја оствари својата желба, односно Скопје стана поубаво место за живеење, благодарение на нивниот општествено одговорен пристап.
Скопје Мериот Хотел секој ден, осум години по ред, ги оправдува своите 5 ѕвезди со докажан квалитет, достоинствен пречек и престој за секој гостин, со низа социјално – културни активности, но и со општествено одговорниот пристап.