Апликацијата Apple TV+ во иднина може да биде достапна на паметните телефони и таблет уреди со Android, според огласот за работа, забележан од Марк Гурман од Bloomberg.
Apple бара постар инженер, кој треба да помогне во развојот на ТВ и спортска апликација за Android. Ова секако е показател дека компанијата веројатно се подготвува да ја лансира својата TV+ услуга и за конкурентската платформа за паметни телефони.
Во огласот за работа се наведува дека вработениот ќе води оддел за развој на нови забавни функции и за креирање на апликација што ја користат милиони за гледање ТВ и спортски содржини.
Дефинитивно е ретко Apple да развива софтвер за Android, кој е главен конкурент на iOS. Услугата TV+ дебитираше во 2019 година и е одговор на Apple за стриминг услугите Netflix, Disney+ и многу повеќе.
Apple TV+ апликацијаta за Android би ја отворила услугата за уште поширок опсег на корисници. Сепак, оперативниот систем има повеќе од три милијарди корисници наспроти околу 2,2 милијарди активни уреди на Apple.
Apple веќе ја нуди својата услуга за стриминг музика за Android, но во голема мера се воздржува од пренесување други решенија на конкурентската платформа.