Јужна Кореја планира да слета на Марс до 2045 година, а дотогаш за оваа намена ќе потроши околу 67 милијарди евра, најави претседателот Јун Сук Јеол по повод лансирањето на првата вселенска агенција на оваа азиска земја.
Агенцијата KASA ќе ја води „вселенската економија“ на земјата, а стотици компании ќе работат на „катапултирање“ на Јужна Кореја меѓу светските лидери во вселенските патувања, тврди Јун.
„KASA ќе воведе нова вселенска ера со одгледување експерти, преку поддршка на системот на вселенската индустрија и поттикнување предизвикувачки и иновативни истражувања и развој“, рече тој. Сеул сака дад го оствари првото слетување на Месечината во 2032 година.
Јужна Кореја стана седмата земја во светот која поседува технологија за лансирање ракети и сателити. Минатата година ја лансираше ракетата Nuri, која носеше комерцијален сателит во вселената. Целта на агенцијата е усогласување на различни владини министерства, а во својата структура ќе вклучи и институт за вселенски истражувања. Јужна Кореја планира уште најмалку три лансирања до 2027 година и сака да лансира и воени сателити.
Најавата на Јун е показател за зголемените напори што азиските земји ги инвестираат во вселенски програми од практични причини, како што се усовршување на ракетната технологија или зајакнување на националната гордост.