Понапредните AI функционалности во гласовниот асистент Siri нема да бидат достапни на претстојниот iOS 18 се до следната 2025 година
Apple планира голема AI ревизија на Siri во iOS 18, а аналитичарот и новинар на Bloomberg, Марк Гурман вели дека ажурирањето ќе и овозможи на Siri за првпат да ги контролира сите индивидуални функции во апликациите, проширувајќи го опсегот на функции што може да ги извршува личниот асистент.
Siri ќе може да извршува акции како што се отворање конкретни документи, преместување белешки од еден фолдер во друг, бришење е-пошта, сумирање статии, испраќање веб-линкови преку мејл и отворање одредена локација за вести во Apple News. Apple планира да користи вештачка интелигенција за да анализира што прават луѓето на нивните уреди, автоматски овозможувајќи ги функциите на Siri.
За да се случи ова, инженерите на Apple мораа да го реконструираат основниот софтвер на Siri со големи јазични модели или LLM, што е исто така технологија што се користи за четботовите како ChatGPT. Apple работеше на договор со OpenAI за интегрирање на ChatGPT технологијата на OpenAI во iOS 18, а исто така е во преговори со Google за инкорпорирање на Gemini, но функционалноста на Siri веројатно се потпира на сопствената работа на Apple за LLM.

При лансирањето, новата функционалност на Siri ќе биде ограничена само на апликациите на Apple, а Siri ќе може да одговори само на една команда истовремено. Во иднина, Apple сака Siri да може да одговори на повеќе команди, како што е фотографирање и потоа испраќање на фотографијата во порака.
Иако функциите на Siri ќе бидат претставени на WWDC 2024, Apple наводно не планира да ги лансира во септември кога iOS 18 ќе го има првичното издание. Наместо тоа, Siri ќе биде унапреден во идното ажурирање на iOS 18 кое ќе биде претставено во 2025 година.
Основните AI задачи во iOS 18 ќе се обработуваат на уредот, но понапредните способности ќе се базираат на облак серверите на Apple. Гурман претходно наведе дека Apple ќе ги напојува сите првични функции на iOS 18 на уредот, без да се потпира на cloud технологијата, со цел да ја зачува приватноста, но гласините се променија во последниве недели. Дел од новата Siri технологија на Apple ќе вклучува код за одредување дали барањето може да се обработи на уредот или ќе ги бара серверите на Apple. За да функционираат, можностите за вештачка интелигенција на iOS 18 на уредот во голема мера ќе бараат iPhone 15 Pro или понова модел, и M1 чип или понова верзија за iPadOS 18 и macOS 15.

Според The Information, серверите за вештачка интелигенција на Apple ќе се напојуваат со M2 Ultra и M4 чипови, при што Apple планира да го користи Secure Enclave за „да помогне да се изолираат податоците што се обработуваат на неговите сервери за да не можат да бидат видливи од поширокиот систем или од Apple“. Гурман наведува дека Apple ќе им обезбеди на клиентите „интелигентен извештај“ кој објаснува како информациите се чуваат безбедни.
Се за функционалноста на вештачката интелигенција што пристигнува во Siri ќе дознаеме на 10 јуни, кога ќе почне WWDC 2024 конференцијата на Apple за програмери.


