Huawei во првиот квартал на годината, од јануари до март, продаде најмногу преклопни телефони во споредба со своите конкуренти, покажуваат податоците од аналитичката компанија Counterpoint Research.
Ова е прилично изненадувачки развој на ситуацијата кога ќе се земе предвид колку е занемарлива продажбата на уредите на Huawei во повеќето делови на светот во последните две години, односно откако САД одлучија да го забранат пристапот до услугите на Google на оваа компанија.
Кога зборуваме за преклопнитњ уреди, повеќето луѓе веројатно мислат на Samsung, но јужнокорејската компанија е сепак на второто место. Покрај тоа, продажбата на преклопните уреди на Samsung всушност падна за 42 отсто во споредба со првиот квартал од 2023 година.
Растот на Huawei до 275 проценти е главно резултат на продажбата во Кина, која се зголеми откако компанијата минатата година го претстави Mate X5. Покрај тоа, доцниот премин кон 5G е чини дека одигра значајна улога во привлекувањето на интересот на кинеските купувачи за преклопните уреди на Huawei.
Honor го зазеде третото место во испораките со раст од 460 отсто, но најголем раст всушност оствари Motorola, која успеа да продаде 1.473 отсто повеќе уреди на преклоп во првиот квартал оваа година во однос на првиот квартал од 2023 година.
Севкупно, продажбата на флексибилни уреди е зголемена за 49 отсто во споредба со истиот период минатата година. Растот на Honor и Motorola е првенствено резултат на продажбата надвор од Кина, за разлика од растот на Huawei.
Уделот на Honor на пазарот на преклопни смартфони сега е 12 проценти, додека минатата година беше 3 отсто. Honor Magic V2 стана најпродаваниот мобилен телефон на преклоп во Западна Европа во првиот квартал од 2024 година. Уделот на Motorola на глобалниот пазар на преклопни уреди сега изнесува 11 отсто благодарение на силните продажни резултати на Razr серијата во Северна Америка.