Уредувањето на пораките во апликациите за допишување е можно со години, но оваа функција дури сега ја прифаќаат некои од големите компании.
Instagram неодамна ја овозможи опцијата за уредување пораки во своите разговори, а ja добија и Facebook Messenger и WhatsApp, но сега им се придружи и Google, кој дава опција за уредување на испратената порака, но само во рок од 15 минути од нејзиното испраќање. Сепак, примателот на пораката ќе може да ја види оригиналната содржина на пораката со долго притискање на неа.
Меѓутоа, сите учесници во разговорот мора да ја имаат овозможена функцијата на нивните уреди.
Уредување на SMS пораки не е можно, и се работи само за RCS пораки.
Google воведува и промени за полесна контрола на Google Home уредите, можност за плаќање со Wear OS паметен часовник, користејќи PayPal (во Германија и САД), како и проширена поддршка за дигитални клучеви од автомобил и друго.