По претставувањето на моделите 200 и 200 Pro, Honor подготвува објава на уште поинтересни телефони, главно за кинескиот пазар. Меѓу нив, секако најголемо внимание привлекува новата верзија на Magic V Flip со преклопен екран
За овој смартфон се зборува веќе подолго време, а сега е потврдено дека на јавноста ќе и биде претставен на 13 јуни на настанот Technology Fashion Show во Шангај, Кина во 19:30 часот по локално време.
Honor објави и неколку официјални фотографии од моделот Magic V Flip и потврди неколку негови спецификации. Познато е дека ќе биде достапен во три бои и тоа камелија бела, шампањ розова и ирис црна.
Magic V Flip ќе има прилично голем надворешен екран со дијагонала од 4 инчи, кој ќе вклучува два засека за камерите. Интересен детал е LED блицот, кој е поставен во долниот дел на уредот, а не покрај камерите.
Смартфонот ќе биде достапен во три мемориски конфигурации: 12/256 GB, 12/512 GB и 12 GB/1 TB. Honor веќе прифаќа рани резервации за уредот.
Honor Magic V Flip доби сертификат од кинеската 3C агенција за 66W полнење. Ќе го напојува батерија со капацитет од 4.500 mAh, која воедно ќе биде најголема во еден флип телефон на преклоп досега. Другите спецификации вклучуваат главна камера од 50 MP.
Има гласини дека Honor работи и на серијата X60 за кинескиот пазар. Иако X60 може да дебитира овој месец, гласините допрва треба да откријат конкретни детали за уредот. Неодамнешниот извештај тврди дека телефонот ќе има четиристран заоблен дисплеј, голема батерија и засилено куќиште отпорна на паѓање.
Хоризонталниот преклопен телефон Magic V3 е исто така во најава за кинескиот пазар. Гласините сугерираат дека преклопениот уред со Snapdragon 8 Gen 3 чип би можел да дебитира уште во јули оваа година, пренесува Gizchina.