Xiaomi го објави најновиот член од Redmi 13 серијата, а се работи за Redmi 13 4G.
Се работи за директен наследник на минатогодишниот модел Redmi 12, а меѓу главните подобрувања се новиот MediaTek Helio G91 Ultra процесор и главната камера од 108 MP.
Redmi 13 4G го има истиот 6,79-инчен IPS LCD екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 90 Hz, но селфи камерата од 13 MP е поставена во punch hole отвор. Сензорот за отпечатоци е поставен бочно, а уредот се напојува од батерија од 5.030 mAh со поддршка за полнење од 33 W.
Redmi 13 4G користи Xiaomi HyperOS базиран на Android 14 и има IP53 сертификат за отпорност на вода и прашина.
Смартфонот е достапен во сина, црна и розова боја. Што се однесува до цените, верзијата со 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање чини 199,99 евра, додека верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 229,99 евра.