Несомнено, екранот е клучен дел од секој лаптоп. Меѓутоа, што ако ви кажеме дека постои уред без оваа компонента?
Компанијата Sightful го претстави Spacetop G1 – преносен компјутер кој чини околу 1.750 евра и нема традиционален дисплеј. Наместо тоа, користењето на овој лаптоп бара пар очила за проширена реалност.
Овој лаптоп беше развиен речиси три години од ветерани од Apple, Microsoft и Magic Leap. Долниот дел е стандарден и вклучува тастатура со 79 копчиња, тракпад и две USB-C порти, пишува Techspot.
Горниот дел, сепак, е она што го прави посебен. Наместо обичен екран, лаптопот има простор за сместување на AR очила кои имаат двојни OLED дисплеи со резолуција од 1920 x 1080 и брзина на освежување од 90 Hz.