Meta ненамерно го откри постоењето на новиот VR уред, Meta Quest 3S, на својот Quest Store. Се очекува поевтина верзија на Meta Quest 3 со Snapdragon XR2 Gen 2 чипсет во куќиштето на Quest 2
Meta можеби случајно го откри името на своjот следен VR уред во сопствената продавница, потврдувајќи го постоењето на Meta Quest 3S. Веќе некое време кружат гласини за поевтина верзија на Meta Quest 3, која е наречена Meta Quest 3S или Meta Quest 3 Lite од оние кои тврдат дека се запознаени со ситуацијата. Најновото протекување открива дека всушност се работи за Quest 3 со Snapdragon XR2 Gen 2 чипсет во подебелата шасија на Quest 2.
Изгледа дека Meta сака да лансира поевтин VR сет, бидејќи Quest 3 е значително поскап од стариот Oculus Quest 2. Иако е вреден за дополнителниот трошок, Quest 3 чини 499 долари наместо 299 долари, колку што чинеше Quest 2 при лансирањето (и моментните 199,99 долари).

Сега Meta го потврди пристигнувањето на Meta Quest 3S наведувајќи го како еден од своите уреди на Quest Store.
Прв тоа го забележа UploadVR, каде на страницата Alo Moves XR стои дека апликацијата ги поддржува Meta Quest 3S, Meta Quest 3, Meta Quest Pro и Meta Quest 2“. UploadVR наведува дека ова се појавува и на неколку други страници на продавницата, што укажува дека не е само грешка на програмеротAlo Moves.
Ова е најблиску до официјална потврда додека Meta не објави официјално соопштение – нешто што очекувавме да се случи наскоро како дел од годинaшниот Meta Quest Gaming Showcase, настан фокусиран на игри што обично се случува во јуни или јули, пренесува TechRadar.



