На Computex саемот во Тајпеј, Qualcomm ги откри плановите за десктоп компјутери со своите Snapdragon X Plus и X Elite чипови
Светот на технологијата никогаш не забавува, а по големата најава за Surface и Copilot+ компјутерите, моментно е во тек саемот Computex во Тајпеј. Qualcomm е исто така присутен и секако зборува за својата нова платформа.
Сите со нетрпение ги очекуваме првите лаптопи со нови чипови, но има една очигледна празнина која сè уште не е пополнета. Досега, Snapdragon X Plus или X Elite чиповите беа наменети за лаптопите, но на својот Computex настан, Qualcomm потврди дека тоа нема да биде вечно.
Без да навлегуваме во детали за тоа што доаѓа и кои производители на хардвер тоа ќе го направат, презентацијата на Qualcomm јасно ги прикажува и All-In-One и мини desktop компјутерите. Ова се веројатно само генерички форми, а не навестувања за вистински хардвер, но тоа е показател за насоката во која се одвива ситуацијата. И малку е веројатно дека Qualcomm би зборувал за својот development kit.
Многумина од љубителите на компјутерите сонуваа за нешто слично уште од првото појавување на Mac Mini со М1 чипот на Apple, но се чини дека ќе се исполни жебата и на љубителите на десктоп компјутерите со Windows. Лаптопите се важна и очигледна цел за нови чипови како овие, но сè уште има многу корисници кои ги користат десктоп компјутерите за својата секојдневна работа.
Apple е одличен пример, со десктоп линијата со ARM базираните чипови од М-серијата. Тука се Mac Mini, iMac, Mac Studio и Mac Pro, сите напојувани од чиповите на Apple.
Би било непормислено за Windows производителите да не ги сфатат сериозно десктоп компјутерите, дури и ако треба да почекаме уште малку за да видиме што ќе смислат. Ова е веројатно почеток на Windows на ARM, иако всушност не е вистински почеток. Но, повторно се роди и овој пат ќе биде важен.