OnePlus 12 е сериозен кандидат за најдобар паметен телефон за 2024 година, но веќе се појавуваат информации за неговиот наследник
Новите информации сугерираат дека претстојниот OnePlus 13 носи неколку возбудливи промени, кои можеби и не се добри вести за сите корисници.
Претстојниот модел се префрла на рамен екран, за разлика од OnePlus 12 и 12R кои имаа заоблени дисплеи. Затоа, на некои ќе им недостасува естетиката на закривениот екран, но промената ќе биде добредојдена за оние на кои овие екрани им се помалку ергономски. Заоблените екрани можат да бидат подложни на случајни допири и не се многу удобни за држење подолго време.
Друга промена е масивната батерија од 6.000 mAh, што е значителен „скок“ во споредба со батеријата од 5.400 mAh што го напојува OnePlus 12. Резултатот е поголемо траење на батеријата, која може да трае повеќе од два дена со едно полнење. Со очекуваните подобрувања во ефикасноста на Snapdragon 8 Gen 4 чипот, OnePlus 13 би можел да биде шампион кога станува збор за траењето на батеријата.
Сепак, импресивната батерија може да има цена. Истиот извор вели дека OnePlus би можел да доаѓа без безжично полнење, што би било контроверзна одлука на компанијата, особено што OnePlus го врати безжичното полнење со доаѓањето на OnePlus 12, откако не го вклучи со OnePlus 11. Причината за оваа потенцијална промена не е јасна, но тоа би можело да биде поврзано со недостаток на простор поради инсталирање на поголема батерија.
Иако губењето на функцијата за безжично полнење би било разочарување за некои, на други веројатно нема премногу да им пречи, бидејќи ќе бидат „компензирани“ со поголема батерија од 6.000 mAh, како и брзо полнење од 100 W. Покрај тоа, важноста на безжичното полнење варира кај различни корисници, бидејќи некои му даваат приоритет на траењето на батеријата пред безжичното полнење.
Засега ова се само први информации и шпекулации, па работите би можеле да се променат додека OnePlus 13 не пристигне на пазарот.