Оваа година, очекуваме Apple да ги зголеми димензиите на екраните на своите два Pro модели од iPhone 16 серијата. На пример, iPhone 16 Pro ќе има екран со дијагонала од 6,3 инчи во однос на 6,1 инчи, а Pro Max ќе има 6,9 инчен дисплеј, во споредба со досегашниот со дијагонала од 6,7 инчи.
Меѓутоа, сега се појавија и податоци за димензиите на уредите. Откриено е намалување на рамките околу дисплејот и тие би требало да бидат најтенки од сите смартфони во светот. Информациите доаѓаат од дојавувачите @UniverseIce и Instant Digital.
Минатата година Apple успеа да ги намали рамките околу екраните на Pro моделите користејќи LIPO технологија, а годинава компанијата ќе ја користи BRS технологијата која овозможува постигнување покомпактно и поефикасно распоредување на плочата под екранот.
Како резултат на тоа, рамката на екранот на iPhone 16 Pro е дебела 1,2 mm во споредба со 1,71 mm кај iPhone 15 Pro, што претставува намалување за 30%. Кај iPhone 16 Pro Max рамката ќе биде дебела 1,15 mm во однос на 1,55 mm и пад од 26 проценти. За споредба, дебелината на рамката кај Samsung Galaxy S24 Ultra изнесува 1,5 mm.
На тој начин, Pro моделите од iPhone 16 серијата ќе ги имаат најтенките рамки меѓу паметните телефони. Ова се случува во момент и кога ќе бидат зголемени екранаите. Инаку, новите модели ќе понудат и подобрувања кај камерите, нова генерација чипови, ново дедицирано копче за видео снимање итн.