Новата регулатива во Велика Британија го принуди Apple да го објави минималниот период на софтверска поддршка за актуелниот iPhone модел
Apple е познат по долгата софтверска поддршка за своите iPhone уреди, но компанијата никогаш официјално не излезе со точниот број на години. Состојба која е сосема спротивна од она што се случува во светот на Android, каде практично сите производители на уреди имаат некакво ветување за софтверска поддршка, а Google и Samsung се на врвот, бидејќи ветуваат седумгодишна поддршка и надградби за нивните водечки модели.
Сега, поради новите регулативи во Велика Британија, Apple мораше да објави минимален период на поддршка за својата iPhone 15 линија, конкретно за iPhone 15 Pro Max, како што се гледа на сликата подолу. Компанијата се одлучи за пет години, што е очигледно две години помалку од главните конкуренти. Сепак, тука има еден трик – ова е она што Apple ветува дека ќе го испорача како минимум.
Ништо не ја спречува компанијата да обезбеди повеќе, во смисла на поддршка многу повеќе од пет години, како што многу често се случуваше минатото. Не дека Apple наведува дека ќе ја прекине поддршката по пет години, туку наместо тоа вели дека се работи само за минимален период.
На тој начин, за првпат имаме конкретни информации од Apple за ова прилично деликатно прашање за крајните корисници, дури и ако тоа не е официјално објавено на ист начин како што тоа го прават производителите на Android уредите, но овие информации беа добиени по заобиколен пат. Сепак, ни даваат нешто на што да се потпреме и да се споредиме со конкуренцијата во светот на Android, пренесува GSMArena.