Единствена иницијатива на CRO AI во соработка со WEEKEND.17
AI Weekend, кој првпат ќе се одржи во склоп на популарниот Weekend Media Festival од 19 до 22 септемвриво Ровињ, ќе ги собере сите кои сакаат да научат повеќе запримена на вештачката интелигенција во бизнисот. AI Weekend ќе им понуди на бизнис заедницата одговори на клучни прашања поврзани со AI и бизнисот, вклучувајќи: Колкав буџет компаниите треба да одвојат заимплементација на вештачка интелигенција? Кои процеситреба да ги поминат? Кои се предностите за компаниите и постојат ли потенцијални недостатоци при воведување на вештачката интелигенција?
Посетителите на AI Weekend ќе добијат одговорите на прашањата како точно функционира вештачкатаинтелигенција во корпорациите, кои се принципите на успешни, но и неуспешни AI проекти, а истите ќе ги донесе стручњакот за вештачка интелигенција Tobias Zwingmann. Како водечки автор, говорник и советник за вештачкаинтелигенција и управувачки партнер на германската AI консултантска компанија RAPYD.AI, Zwingmann веќе десетгодини им помага на B2B компаниите ширум светот даусвојат вештачка интелигенција и машинско учење за да горазвијат и подобрат своето работење. Неговата способностда ги направи сложените концепти разбирливи и применливи го прави еден од најбараните предавачи одобласта на вештачката интелигенција.
Уште едно значајно име кое доаѓа на AI Weekend е Adam Silverman, основач на стартап компанијата agentOps одСилициумската долина, кој на учесниците на Фестивалот ќеим приближи се што се случува во Силициумската долина. Ќе се разговара за мултиагентските системи и како тие серелевантни и применливи во различни бизниси. Silverman е истакнат лидер и иноватор од областа на вештачкатаинтелигенција и еден од клучните играчи во глобалнататехнолошка заедница.
Како да влезете во AI светот?
За секој AI проект се потребни одредени ресурси, конкретенпроблем што се решава и можеби најважно, internal championi – луѓе во компаниите кои ги водат проектите. Што се случува кога управата сака да имплементира AI, ново средниот менаџмент постојат лица кои не се подготвениза оваа технолошка промена? Колку е тешко, па дури и невозможно, да се работат проекти со компании кои немаатinternal championi и како да се реши тоа? За оваа темаотворено ќе зборува Дaвор Аничиќ во предавањето поднаслов „No internal champion, no project. Or?“.
Уште едно важно прашање за кое ќе се дискутира на AI Weekend е – како да се започне во светот на AI? Треба ли дасе избере готов производ од AI стартап или да се работи соагенција на custom made решение? Или пак да се воспостависвој внатрешен тим? Ова не е прашање што ги мачи самомалите компании, туку и реномирани технолошки компаниикои веќе имаат светски успешни производи. На AI Weekend за ова ќе зборуваат претставници од една од најдобритехрватски компании со успешен светски технолошкипроизвод.
Глобалниот потенцијал на вештачката интелигенција
Европа е пионир во претставување на сеопфатна правнарамка за AI позната како AI Act. Целта на оваа регулатива е да се осигура дека развојот и имплементацијата на AI технологиите се во согласност со европските вредности, етика и основни права. За имплементацијата на AI Act, далитаа ќе ја заниша стартап сцената и кои компании ќе бидатхрабри да развиваат AI производи во Европа ќе седискутира на панел дискусијата помеѓу Daniel Abbou, генерален менаџер на KI Bundesverband и претседател на EU AI Forum и Orestis Trasanidis, AI и Silicon Valley лидерво EIT Community (European Institute of Innovation and Technology), која ќе ја модерира Milly Doolan, извршнадиректорка на компанијата Euronavigator. Сите информацииза првиот AI Weekend можете да ги најдете овде, како и на профилите на социјалните мрежи Instagram и LinkedIn.