Апликацијата Passwords, која ќе служи како алтернатива на апликациите од трети страни како 1Password и LastPass, ќе им обезбеди поедноставен начин на корисниците на iPhone, iPad и Mac да пристапат до нивните зачувани информации за најавување.
Apple планира да ја претстави новата апликација Passwords во iOS 18, iPadOS 18 и macOS 15, објави аналитичарот и новинар на Bloomberg, Марк Гурман. Апликацијата Passwords, која ќе служи како алтернатива на апликациите од трети страни како 1Password и LastPass, ќе им обезбеди поедноставен начин на корисниците на iPhone, iPad и Mac да пристапат до нивните зачувани информации за најавување.
Во оперативните системи на Apple веќе има вградена функција Passwords, која е скриена во апликацијата Settings и може да биде малку тешко да се најде за оние кои не се запознаени со фукцијата. Apple постепено воведува нови функции за лозинки, како што се складирање на најавувања и лозинки, поддршка на еднократни кодови за најавување и нудење опции за генерирање лозинки директно во Safari.
Како и постојната Passwords функција во Settings, апликацијата Passwords ќе биде вградена во iCloud Keychain, функцијата на Apple што може да ги синхронизира деталите за најавување и лозинките на уредите на Apple. Ќе ги поддржува сите функции што ги поддржува Passwords во Settings, а ќе работи и на Vision Pro и на компјутерите со Windows.
Апликацијата вклучува најави и лозинки за веб-страниците, лозинки за Wi-Fi мрежи и Passkeys, функција која го користи Face ID или Touch ID за најавување на веб-локации наместо лозинка. Податоците од апликацијата може автоматски да се вметнат во веб-локациите и апликациите кога корисникот се најавува.
Целта на Apple со апликацијата Passwords е да ги поттикне клиентите да користат посилни лозинки и да избегнуваат повторување на лозинки за повеќе веб-страници и услуги. Apple ќе се натпреварува со долгогодишните услуги за лозинки од трети страни како 1Password, а компанијата планира да им дозволи на клиентите да ги имортираат нивните лозинки од други услуги.
Apple планира да ја претстави апликацијата Passwords за време на главнaта презентација на WWDC 2024 конференцијата за програмери, која ќе се одржи во понеделник.