Samsung продолжува да го развива својот Fan Edition (FE) екосистем на уреди и се чини дека оваа година ќе го видиме и првиот паметен часовник со оваа ознака. Во меѓувреме, има и нови индикации за можниот следен Galaxy S24 FE смартфон.
Според The Elec, производителот на чипови Anapass ќе обезбеди DDI (Display Driver IC) чипови за Galaxy S24 FE. Јужнокорејската компанија веќе започна со производство на оваа компонента, која вклучува вграден TCON. Овој контролер ќе го подобри екранот со поефикасно пренесување на медиумскиот сигнал.
Тоа сугерира дека смартфонот ќе се појави во летните месеци, а зошто да не и заедно со новите преклопни смартфони, најверојатно во јули. Според гласините, новиот модел може да пристигне со Snapdragon 8 Gen 3 чипсет или Exynos 2400 во зависност од регионот.
Меѓу другите очекувани спецификации се тројна камера со сензор од 50 MP, до 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Дополнително, можеби ќе се користи батерија со капацитет од 4500 mAh и екран со дијагонала од 6,1 инчи.