Sony го отстрани 8К логото од кутијата за PlayStation 5, што покажува дека ја напушта нагласената 8K компатибилност, функција која никогаш не бешеактивирана. Промената доаѓа во време кога 8K телевизорите и содржината се сè уште ретки
Години по неговото првично објавување, Sony се чини дека тивко се повлече од едно од посмелите тврдења што првично ги изнесе за конзолата PlayStation 5.
Покрај логоата што ја покажуваат компатибилноста на конзолата со HDR содржината и нејзината способност да работи со 4K дисплеи од 120 Hz, PS5 беше лансиран со кутија, на која исто така имаше 8К лого. Меѓутоа, тоа веќе не е така.
Досега ознаката ја користеше за да укаже дека конзолата е технички компатибилна со 8K телевизори и содржина – две работи кои остануваат ретки. Но, иако технички може да пруќжи излез на 8K, Sony никогаш не ја активираше функцијата, што значи дека конзолата всушност не може да го направи тоа во моментов.
На тој начин, можеби сфаќајќи дека нема смисла да се фали со карактеристика што конзолата веројатно никогаш нема да ја добие, Sony ја промени кутијата, која повеќе не го содржи 8K логото. Всушност, ова можеби се случило пред некое време, но Џон Линеман од Digital Foundry го забележал тоа оваа недела на мрежата X, кога купил нова конзола.
Сепак, веројатно е дека тоа се случило релативно неодамна, бидејќи има многу примери на PS5 Slim, кој беше лансиран кон крајот на 2023 година, а го содржи логото 8K на кутијата. Всушност, ако купувате од продавачи како Amazon или друг онлајн продавач на мало, голема е веројатноста дека кутијата сепак ќе има 8K – сопствената продавница на Sony сега продава верзии без логото.
Дури и со фактот дека функцијата сè уште не е активирана, само една игра е објавена на PS5 што поддржува 8K – инди насловот наречен The Touryst.
Дали фалењето со компатибилноста помогна малку да се зголеми продажбата не е познато, но 8K гејмингот на PS5 не е можен. Логото можеби повторно ќе се појави ако долгоочекуваниот PS5 Pro пристигне подоцна оваа година, дури и ако 8K телевизорите и натаму се исклучително ретки и скапи.