Доколку им се верува на информациите кои веќе некое време кружат на социјалните мрежи, Samsung ќе ги претстави Galaxy Watch 7 и Galaxy Watch Ultra на својот Unpacked настан во јули, кој најверојатно ќе се одржи во Париз.
Новите неофицијални информации наведуваат дека Watch 7 ќе биде достапен во верзии од 40 и 44 mm, додека Watch Ultra, најнапредниот паметен часовник на Samsung досега, ќе биде достапен само во големина од 47 mm. Слично на она што Apple го прави со стандардните часовнции и Ultra моделот на Apple Watch.
Што се однесува до обичната верзија на Galaxy Watch 7, се вели дека ќе пристигне во зелена и крем боја. Куќиштето ќе биде изработено од материјал кој Samsung го нарекува Armor Aluminium 2, а стаклото ќе биде сафир, што значи дека ќе биде исклучително издржливо од гребнатини и пукнатини. Меѓу другите карактеристики на издржливост, Watch 7 наводно ќе има 5 ATM водоотпорност, како и IP68 и MIL-STD-810H стандарди.
Помалиот модел, односно оној од 40 mm, ќе има батерија од 300 mAh, додека поголемата верзија ќе има батерија со капацитет од 425 mAh. Ова се истите батерии како што имавме можност да видиме во Galaxy Watch 6, но корисниците може да очекуваат поголема автономија бидејќи чипсетотовој пат ќе се произведува на процес од 3 нанометри и ќе биде енергетски поефикасен. Дополнително, просторот за складирање ќе биде двојно зголемен на 32 GB, а максималната осветленост ќе изнесува 2.000 нита.
Според Android Headlines, Galaxy Watch Ultra ќе доаѓа со титаниумско куќиште кое ќе биде достапно во сива, беж и сребрена боја. Овој часовник може да се пофали со малку подобра водоотпорност од 10 АТМ, но ги дели сертификатите IP68 и MIL-STD-810H со својот „послаб“ брат. Исто така, ќе го користи истиот чипсет од 3 нанометри и ќе има 32 GB простор за складирање.
Значајна разлика може да се забележи во осветленоста на екранот, која треба да достигне 3.000 нита. Други информации засега не се познати, но се претпоставува дека се ќе се искристализира во наредните недели.