Многумина од нас го оставаат полначот во штекерот по полнењето на мобилниот уред. Сепак, дали е тоа добра навика?
Експертите наведуваат дека не треба да го оставате полначот во штекер поради неколку причини.
Тие советуваат дека е подобро да го исклучите полначот кога веќе не го користите, а има неколку причини зошто е подобро да го направите ова.
Полначите за телефони кога се во штекер трошат струја. Секако, уредот за полнење најмногу троши енергија кога мобилниот телефон е поврзан на него.
Но, дури и ако полначот е само вклучен и без мобилен телефон, тој троши струја. Во полначите има трансформатор кој го трансформира напонот до потребната јачина. За паметните телефони, тоа е околу пет волти.
Трансформаторот работи дури и кога нема поврзан уред.
Полначот за мобилен телефон кој е секогаш приклучен предизвикува трошоци за електрична енергија што може да се избегнат. Само со полнење на мобилен телефон, според некои пресметки, во текот на годината се трошат во просек по 20 евра струја.
Тоа не звучи многу, но кога постојано се приклучуваат повеќе полначи низ куќата, трошоците се зголемуваат.
Особено е опасно ако полначот е неисправен. Може да се прегрее, зголемувајќи го ризикот од пожар.
Особено треба да бидете внимателни со евтините производи. Колку подолго уредот е поврзан, толку е поголем ризикот нешто да се случи и да го оштети. Неисправните полначи во изминатиот период предизвикаа голем број пожари во приватни домаќинства. Во повеќето случаи станува збор за помали пожари.