Samsung ќе ги лансира Galaxy Z Fold 6 и Z Flip 6 без големи хардверски промени, но со нови функции за вештачка интелигенција. Новата технологија Galaxy AI носи иновации како Circle to Search и Live Translate, давајќи им на корисниците доверливост и напредни функции на уредите што се преклопуваат
Со летото на прагот, многу фанови на Samsung со нетрпение го очекуваат претставувањето на најновите преклопни уреди на брендот, Galaxy Z Fold 6 и Z Flip 6. Ако гласините и протечените информации се вистинити, изгледа дека Samsung нема да направи големи хардвески промени на своите преклопливи уреди оваа година, што значи дека повторно се потпира на своите минати успеси.
Додека некои ова ќе го карактеризираат ова како лоша работа, други ќе чувствуваат сигурност од доверливоста и конзистентноста што Samsung ги носи со своите производи. Се разбира, хардверот е само еден дел од производот кога станува збор за паметните телефони, со софтверот кој е голем дел од таа приказна.
На тој начин, се чини дека брендот е подготвен да донесе дел од својата технологија за вештачка интелигенција на своите претстојни флексибилни уреди, бидејќи соопштението за јавност истакна некои од работите што можеме да ги очекуваме од брендот во блиска иднина.
Првиот вистински чекор на Samsung во светот на вештачката интелигенција дојде со Galaxy S24 серијата, која беше претставена претходно оваа година. Брендот ја сподели својата визија за користење на технологијата со Galaxy AI, носејќи низа корисни и прекрасни функции како Circle to Search на своите паметни телефони.
Се разбира, воведувањето нови технологии на корисниците е многу деликатна работа – премногу може да го уништи она што сте го изградиле, а премалку може да значи дека корисниците не разбираат како тоа им користи.
За среќа, Samsung постигна добра рамнотежа, нудејќи доволно функции за вештачка интелигенција во своите уреди за да не бидат збунувачки, а всушност да бидат многу корисни. Се разбира, Samsung воведе AI и на другите свои телефони преку ажурирања и прашање на време е кога оваа технологија ќе се пробие до идните смартфони. Што се однесува до тоа како би можело да изгледа искуството со вештачка интелигенција на уредите на преклооп, тоа е прашање на шпекулации. Но, брендот очигледно ќе донесе нешто ново.
Во соопштението за медиумите, Samsung изјави дека ќе го „оптимизира Galaxy AI искуството“ за своите претстојни преклопни уреди. Од компанијата наведуваат у дека комбинацијата на Galaxy AI со нивните флексибилкни телефони ќе „отклучи целосно нови можности“. Друг возбудлив детал што беше споменат е дека Samsung ќе ја донесе својата популарна функција Live Translate на другите смартфони.
Секако, ќе мораме да почекаме да видиме како ќе изгледаат AI функциите во таа прилагодена верзија на преклопните уреди, но за среќа, нивното претставуавње е многу блиску, пишува Android Police.