Huawei го претстави првиот таблет MatePad SE во 2022 година во форма на убаво дизајниран и достапен уред кој ги имаше сите неопходни работи, а сега пристигна и верзијата за 2024 година наречена MatePad SE 11.
Како што сугерира името на уредот, дијагоналата на екранот е зголемена на 11 инчи, а сепак станува збор за LCD панел со FHD+ резолуција (1.920 x 1.200 пиксели) и формат 16:10. Односот меѓу екранот и телото е зголемен на 85 проценти, што значи дека рабовите се значително потенки.
Максималната осветленост изнесува 400 нита, што е сосема пристојно за користење во внатрешен простор, соодносот на контрастот е 1.400:1, нуди 16,7 милиони бои и 100 проценти покриеност на sRGB палетата на бои. Покрај тоа, има и посебен eBook режим за читање.
Димензиите на таблетот се 252,3 x 163,8 x 6,9 мм и уредот тежи 475 грама. Куќиштето е изработено од метал и доаѓа во две бои, Crystal сина и Nebula сива. Таблетот го покренува процесор Kirin 710A или Snapdragon 680 во зависност од регионот, а го користи HarmonyOS 20 со функции како што се multi-window, multi-screen соработка и споделување на екранот. Процесорот е поврзан со 64 или 128 GB внатрешна меморија, како и 4, 6 или 8 GB RAM.
Уредот се напојува од батерија со капацитет од 7.700 mAh, која поддржува полнење од 22,5 W. Останатите функции вклучуваат звучен систем Huawei Histen 9.0 со четири звучници, Bluetooth 5.1, USB Type-C порт и Host/ITG поддршка. Од задната страна има камера од 8 MP, а однапред селфи камера од 5 MP. MatePad SE 11 поддржува употреба на Huawei M-Pen lite пенкало за пишување, цртање и креирање белешки. Таблетот е опремен и со сензори за гравитација и амбиентална светлина.
Цената се уште не е позната.