Со цел да им олесни на корисниците полесно да се снаоѓаат во апликацијата, Netflix подготвува голем редизајн на почетната страница што ќе ги поедностави работите
Netflix тестира голем редизајн на својата почетна страница на ТВ. Наместо статични плочки кои содржат емисии и филмови, новиот интерфејс донесува квадрати кои се прошируваат во текот на скролањето и ги истакнуваат сите важни информации, вклучувајќи го жанрот, годината на издавање, број на епизоди на сериите или должина на филмот и краток опис.
Доколку корисниците останат на квадратот неколку секунди, ќе се појави и краток форшпан, без разлика дали се работи за филм или серија. Како точно изгледа во пракса, погледнете подолу.
Како што пренесува The Verge, тоа не е единствената работа што ја менува Netflix. Редизајнот го отстранува и менито што се појавува на левата страна на почетната страница и го заменува со поедноставен избор на опции на горниот дел од екранот што ги содржи сите најважни ставки – Search, Home, Shows, Movies и My Netflix.
Значи, новото мени отстранува некои опции кои претходно беа достапни, како што се Categories, New & Popular и My List, но ги додава во пребарувачот и релативно новиот оддел My Netflix, кој веќе некое време е достапен во мобилната апликација.
Редизајнираниот Netflix ќе биде достапен за мала група претплатници на своите паметни телевизори, а според шефот на производот на Netflix, Пет Флеминг за неколку месеци ќе го користат сите.