Компанијата Xiaomi оваа година не ја лансираше Pro верзијата на својата Xiaomi 14 флегшип серија на меѓународно ниво, туку се потпре на поширока достапност на Xiaomi 14 Ultra. Иако не знаеме дали тоа ќе биде случај со следната серија, веќе има некои гласини поврзани со идната Xiaomi 15 серија.,
Речиси е сигурно дека Xiaomi 15 и 15 Pro ќе дебитираат во Кина пред крајот на годината, а сега има нови детали за главната камера на Pro моделот. Повторно, може да бидат достапни сензори од 50 мегапиксели, но главниот и оној со телефото оптика ќе се разликуваат од сегашниот модел.
Главниот сензор ќе биде 1-инчниот OmniVision OV50K, што ќе биде значително подобрување во однос на OVX9000 во 14 Pro. Се разбира, OV50K се уште не е официјално објавен, бидејќи се очекува да го наследи OV50H. Телефото сензорот ќе биде Sony IMX882 (1/1,95″) наспроти Samsung ISOCELL JN1 (1/2.76″) во 14 Pro миоделот.
Овие промени треба да доведат до забележително подобрување на можностите за фотографирање на Xiaomi 15 Pro.