Apple објави дека и Vision Pro ќе биде лансиран во осум нови земји до средината на јули, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Јапонија и Сингапур
Apple вчера на WWDC 2024 конференцијата го најави и visionOS 2, првото големо ажурирање на оперативниот систем на Vision Pro. Првата верзија на visionOS 2 бета сега е достапна за членовите на Програмата за програмери на Apple, а ажурирањето ќе биде објавено за јавноста подоцна оваа година.
За visionOS веќе има 2.000 дедицирани апликации, а visionOS 2 сега пристигнува само четири месеци по почетокот на продажбата на Vision Pro со првата верзијата во САД. visionOS 2 вклучува низа нови функции и промени, како што се редизајнираната апликација Photos со поддршка за SharePlay, можност за претворање на постоечките 2D фотографии во Spatial photos со машинско учење, нови гестови со рацете за често користените функции како Home View и Control Center, поголема ултра-широка верзија на Mac Virtual Display што е еквивалентна на два 4K монитори еден до друг и поддршка за работа со маус.
Новиот visionOS 2 сега ја додава и основната функција што недостасуваше на Vision Pro при лансирањето: можност за преуредување на апликациите и нивно поставување каде што сакате.
Режимот на патување добива Train mode поддршка за работа при патување со воз додека опцијата Guest user сега може да ги зачувува податоците за очите и рацете на гостинот 30 дена.
visionOS 2 вклучува нови API рамки за програмерите на апликации Vision Pro, како што се HealthKit за здравствени податоци и TabletopKit за игри на маса. Во соопштението за медиумите беа наведени и некои дополнителни функции на visionOS 2, како што се AirPlay режимот за примање и Live Captions низ системот:
Apple објави дека и Vision Pro ќе биде лансиран во осум нови земји до средината на јули, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Јапонија и Сингапур. Уредот првпат беше пуштен во продажба во САД во февруари оваа година.