Елон Маск објави забрана за уредите на Apple во неговите компании поради интеграцијата на OpenAI технологијата, нарекувајќи ја неприфатливо нарушување на безбедноста
Извршниот сиректор на Tesla, X и Space X, Eлон Маск најави дека ќе ја забрани употребата на уредите на Apple во своите компании поради новите функции кои Apple ги воведува во соработка со OpenAI. Маск оваа одлука ја нарече „неприфатливо нарушување на безбедноста“. Посетителите ќе мора да ги остават своите Apple уреди на влезот, каде што ќе бидат сместени во Faraday кафез.
Забраната ќе ги вклучи SpaceX, Tesla и социјалната мрежа X. Apple планира интеграцијата со OpenAI да му овозможи на Siri да го користи ChatGPT за одговор на прашања и помош со документи, со наводна заштита на приватноста.
Apple на WWDC презентацијата објави дека ќе ја интегрира OpenAI технологијата во своите iPhone уреди. Кога корисниците разговараат со Siri, таа ќе може да пренесе некои прашања до ChatGPT, големиот јазичен модел на OpenAI.
If Apple integrates OpenAI at the OS level, then Apple devices will be banned at my companies. That is an unacceptable security violation.
— Elon Musk (@elonmusk) June 10, 2024
„Ако Apple го интегрира OpenAI на ниво на оперативниот систем, уредите на Apple ќе бидат забранети во моите компании. Тоа е неприфатливо нарушување на безбедноста“, напиша Маск на X, платформата што ја поседува.
„И посетителите ќе мораат да ги остават своите Apple уреди на влезот, каде што ќе бидат сместени во Faraday кафез. Кафезот Фарадеј е затворена кутија што го спречува преминувањето на безжични сигнали.
Apple претходно соопшти дека функцијата ќе биде објавена подоцна оваа година, a OpenAI потврди дека неговата технологија ќе биде широко интегрирана во новиот оперативен систем на Apple.
И Apple и OpenAI нагласија дека функцијата ќе вклучува заштита на приватноста. „Барањата не се складираат од OpenAI, а IP адресите на корисниците се скриени“, се вели во соопштението на OpenAI.
Интеграцијата ќе значи дека барањата на Siri може да да бидат испратени и до ChatGPT. Тој ќе може да испраќа прашања – како и документи и фотографии – за помош.