Како што беше најавено, тајванската компанија HTC по подолго време објави нов смартфон, а се работи за моделот U24 Pro.
Станува збор за уред со 6,8-инчен OLED екран со резолуција од 1.080 x 2.436 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz, но е познато со која верзија на Gorilla Glass е заштитен. Смартфонот го покренува Snapdragon 7 Gen 3 процесорот на Qualcomm, поврзан со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање што може да се прошири.
U24 Pro го користи оперативниот систем Android 14 и има IP67 сертификат за отпорност на вода и прашина. На задната страна е сместена главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата и отвор на бленда од f/1,88, придружена со ултраширока камера од 8 MP (f/2,2) и телефото камера од 50 MP со 2x оптички зум (f/2). Однапред се наоѓа селфи камера од 50 MP (f/2,45) со автоматски фокус.

Димензиите на уредот изнесуваат 167,1 x 74,9 x 8,98 милиметри и тежи 198,7 грама. Се напојува од батерија со капацитет од 4.600 mAh, која поддржува жично полнење од 60W и безжично полнење од 15W, како и реверзибилно безжично полнење од 5W. Смартфонот има приклучок за слушалки од 3,5 милиметри и LED светло за известување со две бои.
Новиот HTC U24 Pro во земјите од Европската Унија чини 564 евра и и е достапен во сина боја.

