Претстојните Galaxy Buds 3 Pro безжични слушалки на Samsung донесуваат голем редизајн во облик сличен на AirPods. Се очекува почист квалитет на повиците, подобрено акивно поништување на шумот, поголема батерија и интеграција на функциите на вештачката интелигенција
Најновите протечени информации за Galaxy Buds 3 Pro од дојавувачот Evan Blass (@evleaks) покажуваат дека Samsung ќе се откаже од дизајнот во облик на зрно кој е присутен веќе неколку години и дека овие безжични слушалки би можеле да усвојат дизајн сличен на AirPods, со продолжено „стабло“ на кое се наоѓаат и површини чувствителни на допир.
Една од главните предности на овој дизајн е појасниот квалитет на повикот. Микрофонот на уредот може да биде поблиску до уста, правејќи ги повиците појасни и послушливи. Ова ќе биде прилична промена во однос на дизајнот на претходната генерација што се користи од 2020 година.
Силно заматената слика што се појави одговара на претходниот извештај дека Samsung се префрла на нов дизајн и дека новиот модел ќе донесе многу нови функции што ги овозможува вештачката интелигенција. Според овој претходен извештај, Galaxy AI пакетот ќе биде длабоко интегриран во Buds 3 Pro, со преведувањето како една од можностите. Се очекува и подобрување на активното поништување на бучавата.
Останатите значајни карактеристики вклучуваат поголема внатрешна батерија, но протечената фотографија погоре сугерира дека Galaxy Buds 3 Pro исто така ќе имаат повеќе простор за аудио компоненти, па можеби ќе видиме одредени звучни подобрувања кога конечно ќе пристигнат слушалките.
Galaxy Buds 3 Pro ќе биде проследен со модел без Pro ознака, а лансирањето е предвидено за 10 јули. Очекуваме идните Galaxy Fold и Flip уреди да ги видиме заедно со новите Galaxy Watch 7 паметни часовници кои работат на Wear OS и потенцијално нов лаптоп со Snapdragon процесор, пишува 9to5Google.