Очекуваме Samsung на почетокот на јули да ја претстави својата нова генерација преклопни смартфони Galaxy Z Fold6 и Flip6, а се повеќе гласини се појавуваат за претстојните флексибилни уреди.
Откако неодамна беше најавено дека Galaxy Z Fold6 ќе поскапи, сега има извештаи за зголемување на цената и на Flip6. Според дојавувачот @Onleaks, уредот ќе биде достапен во две варијанти според просторот за складирање – 256GB и 512GB.
Дополнително, смартфонот ќе биде достапен во зелена, сребрена, жолта и сина боја, а се планираат и други опции за одредени региони. Смартфонот ќе го задржи главниот дисплеј од 6,7 инчи и ќе тежи 187 грама.
Што се однесува до цената, Flip6 ќе започне од 1.099 долари за верзијата со 256 GB, што е повеќе од 999 долари за минатогодишниот модел. Во верзијата со повеќе меморија, поскапувањето ќе биде од 1099 на 1199 долари.