Новиот паметен часовник комбинира детални здравствени увиди и поврзано искуство на Samsung Galaxy со елегантен дизајн
Samsung го претстави Galaxy Watch FE, додаток на линијата паметни часовници на Samsung, со цел да го прошири напредното и сеопфатно искуство за следење на здравјето на уште повеќе корисници. Новиот часовник вклучува подобрени перформанси и напредни функции за следење на здравјето во стилски и робустен дизајн.
„Наша желба е да обезбедиме следење на здравјето и физичката кондиција на што е можно повеќе луѓе ширум светот, да им помогнеме да ги направат промените што им се потребни за секојдневно подобрување на своето здравје и да ги поддржиме во остварувањето на нивните цели“, рече Џунхо Парк (Junho Park), потпретседател и лидер на тимот за планирање на производи на Galaxy Ecosystem, во одделот Mobile eXperience на Samsung Electronics. „Возбудени сме што ќе го додадеме новиот Galaxy Watch FE во нашето портфолио на носиви уреди, нудејќи им на повеќе луѓе пристап до персонализирани здравствени увиди кои ќе ги поттикнуваат и мотивираат да бидат поздрави, и дење и ноќе.
Стил и издржливост што поттикнуваат добро чувство секој ден
Galaxy Watch FE, достапен во големина од 40 mm, нуди свеж изглед заснован на иконскиот дизајн на серијата Galaxy Watch. Достапен е во три бои, црна, розово-златна и сребрена, со нови ремчиња со јасни сини и портокалови шевови, кои го истакнуваат едноставниот и модерен дизајн на уредот што го надополнува секој изглед. Покрај тоа, Galaxy Watch FE нуди и разновидни нови форми на бројчаник, овозможувајќи им на корисниците да го приспособат својот часовник, додека ремчето со копче „на клик“, исто така, ја олеснува размената, за да го искомбинирааат и усогласат секој детал со нивниот стил. Galaxy Watch FE има стакло од сафирен кристал, кое нуди супериорна издржливост и обезбедува заштита од гребнатини при секојдневно носење.
Мотивира и го прави секој ден поздрав
Опремен со напреден Samsung BioActive сензор, Galaxy Watch FE обезбедува низа моќни функции за фитнес и велнес, кои обезбедуваат персонализирани и корисни совети за корисниците, 24 часа на ден. За да се поддржи подобар сон за добар почеток на секој ден, Galaxy Watch FE нуди различни напредни функции, од следење на обрасците на спиење, до совети како да спиете подобро[4] и да создадете средина погодна за мирен сон.
Корисниците можат да следат повеќе од 100 различни вежби, заедно со својот напредок, непосредно од нивниот зглоб. Напредната анализа на трчање ќе им помогне на тркачите не само да ги анализираат своите вкупни перформанси за максимална ефикасност, туку и да добијат увид и упатства за превенција од повреди, за да можат непречено да се движат кон своите цели. За најдобро искуство со трчањето, Персонализираната зона на срцевите отчукувања им помага на корисниците да си постават свои цели, врз основа на нивните физички способности.
Galaxy Watch FE ги мотивира и им помага на корисниците да ги постигнат своите здравствени цели. Функцијата Состав на телото обезбедува сеопфатни податоци за телото и физичката кондиција, како индикатори за следење на напредокот. Покрај тоа, корисниците можат да добиваат дневни мотивациски пораки за да продолжат да работат на себе.
Искуства засилени со екосистемот на Galaxy
Како и со секоја серија на Galaxy Watch, Watch FE нуди беспрекорно поврзано искуство помеѓу уредите на Samsung Galaxy. Корисниците можат брзо и лесно да го најдат својот телефон кога не е споен со часовникот, користејќи ја апликацијата Find My Phone. Тие, исто така, можат далечински да ја контролираат камерата на поврзаниот паметен телефон Samsung, на пр., да го променат режимот на работа со помош на функцијата Camera Controller или да изберат друг агол или зум на камерата, директно од зглобот.
Достапност
Galaxy Watch FE ќе биде достапен на македонскиот пазар на почетокот на јули. Повеќе информации за Galaxy Watch FE се достапни на www.samsung.com/mk.