Samsung Galaxy S24 FE со Exynos 2400 чип ги заврши тестовите на Geekbench, што е можна најава за скорешно објавување и потенцијално летно лансирање
Се уште не е познато времето на претставување на Samsung Galaxy S24 FE, но постои голема веројатност тој да биде лансиран во текот на ова лето. Телефонот е забележан на Geekbench, кој доаѓа неколку недели откако беше објавено првото тестирање на One UI.
Тестираната верзија на телефонот е варијанта за глобалниот пазар и доаѓа со Samsung Exynos 2400 процесор, препознатлив по тоа што има дури 10 јадра. Главното Cortex-X4 јадро работи на 3,1 GHz, што е малку пониско од очекуваните 3,2 GHz. Има и две кластери Cortex-A720 (2x @ 2,9GHz + 3x @ 2,6GHz) и еден кластер со Cortex-A520 (4x @ 2,0GHz).
Без оглед на прелиминарните резултати, заклучоци не треба да се носат набрзина, бидејќи е многу можно телефонот да работи и во Light Performance режимот. Samsung не прецизираше колку се намалува брзината на работниот такт на процесорот додека работи во овој режим.
Едно нешто што не е променето е количината на RAM меморија, која и натаму изнесува 8 GB. Сепак, оваа година корисниците би можеле да добијат и опција со 12 GB, според информациите објавени од британскиот оператор ЕЕ. Ова може да биде поврзано со капацитетот за складирање од 128 GB (UFS 3.1) или 256 GB (UFS 4.0).
Некои извори тврдат дека Galaxy S24 FE ќе биде лансиран на крајот на 2024 година, но ако веќе ги минува бенчмарк тестовите, постои надеж дека ќе излезе многу порано и ќе биде летно издание на новиот телефон Samsung, пренесува GSM Arena.