Samsung го претстави својот нов Color E-Paper TV, кој се уште е во фаза на прототип. Сепак, благодарение на ова, добиваме прилично добра идеја за можностите на овој уникатен телевизор.
Станува збор за модел со e-ink панел во боја, кој е дизајниран да прикажува реклами или други информации во канцеларии, трговски центри, продавници и на отворени простори. Технологијата зад ова решение е импресивна, бидејќи се базира на 32-инчен дисплеј со Quad HD резолуција и можност за репродукција до 60.000 бои.
Дебелината на телевизорот изнесува 17,9 милиметри, а тежината, без батерија е 2,9 кг. Кога прикажува статична слика, телевизорот не троши енергија, бидејќи е неопходна само при промена на содржината.
Телевизорот има 8 GB вградена RAM меморија, но може да се поврзе преку Bluetooth, Wi-FI и два USB Type-C портa. Рамката околу дисплејот може да се менува, а има и опција за закачување на ѕид со 200×200 VESA стандардот. Се планира да се додаде и апликација за управување со содржината.