За време на годинашната WWDC конференцијата, Apple откри многу новитети поврзани со своите оперативни системи, а беа прикажани и функции што нема да се појават со официјалното деби на iOS 18 наесен.
Овие функции де очекува да бидат лансирани кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Сè уште е добро да се запознаеме со нив, иако нема да можеме да ги користиме наскоро.
Марк Гурман во неговиот нов билтен Power-On наведува дека новите AI функции ќе бидат лансирани постепено до средината на идната година, а според него тоа е позитивно. Apple со ова излегува од својот стандарден начин на објава нови функции кои обично веднаш стануваат достапни.
Ова вклучува некои од подобрувањата на Siri како дел од платформата Apple Intelligence. На пример, такви се способностите да се разбере содржината на екранот што треба да се користи како контекст при интеракција со асистентот. Исто така, со објавата на iOS 18 во септември, нема веднаш да го видиме подлабокото познавање на Siri за функционалноста на апликациите.
Новитетите во апликацијата Mail, вклучувајќи ја и автоматска категоризација на мејловите, исто така ќе бидат достапни во подоцнежна фаза. Има и голем број иновации во платформата за просторниот компјутер Vision Pro што ќе ги видиме во иднина. Тие вклучуваат подобрување на Mac virtual display и уредување на Spatial видеата.
Apple на стартот на iOS 18 исто така нема да го објави и новиот пакет емотикони а голем недостаток на официјалното деби на новиот оперативен систем ќе биде и стабилната верзија на Apple Intelligence. Платформата со функционалност со вештачка интелигенција ќе биде во бета фаза и не е јасно колку ќе трае овој период.
Завршуваме со уште два новитети за кои ќе треба да почекаме, а тоа е можноста за лесно префрлање фајлови со влечење (drag and drop) помеѓу iPhone и Mac, како и повеќето подобрувања во апликацијата Home.