Може ли еден збор целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата? Може, ако е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата Just Add Coca-Cola (Само додај Coca-Cola), прва кампања во земјава целосно креирана со користење алатки за вештачка интелигенција, зад која стои маркетинг-агенцијата „Њу момент Скопје“.
Coca-Cola е повеќе од пијалак, па дури и повеќе од бренд. Тоа е чувство, расположение, цел свет на оптимизам и среќа, црвена боја и свежи идеи. Како се стигнува до овој свет?Едноставно, во секојдневните ситуации само додај Coca-Cola.
– Постоечките AI платформи главно не препознаваат логоа и текст ниту, пак, можат да направат конекција меѓу името на брендот и неговиот визуелен идентитет. Обидите да се генерираат логоа на брендовите со помош на AI алатките или барем да се добијат слики кои визуелно ќе потсетуваат на некој бренд, обично завршуваат со деформирани и непрепознатливи резултати. Но, ако во промптовите се додаде Coca-Cola,сликата драстично се менува – вели Илинка Црвенковска, креативен директор во „Њу момент“.
За да ја создаде оваа кампања, агенцијата генерира слики со алатки за вештачка интелигенција, користејќи едноставни промптови како „човек во канцеларија“ или „бабичка во фотелја“. Сликите што се добиени како резултат, исто така, се едноставни, лицата се најчесто сериозни, боите се главно темни. Но кога ќе се додаде Coca-Cola во промптовите, на пример „човек во канцеларија, Coca-Cola“ или „бабичка во фотелја, Coca-Cola“, сè се менува. Не само што AI алатките ги препознаваат логото и визуелниот идентитет на Coca-Cola, туку и воопшто целото чувствои атмосферата на сликите, стануваат попозитивни. Доминантна боја е црвената, лицата се насмеани и буквално зрачат.
– Како што сликите станаа многу поинтересни, забавни и позитивни кога додадовме Coca-Cola, така и во секојдневниот живот. Пораката што сакаме да ја испратиме е дека и секојдневните оброци, забави, дружења, настани… добиваат боја и стануваат многу поинтересни и позитивни кога во нив ќе додадете Coca-Cola – вели Црвенковска.
Компанијата Coca-Cola е добро позната по користењето на нови трендовски технологии во сите сегменти од своето работење, вклучително и во маркетинг-активностите. Минатогодишната кампања „Создај вистинска магија“ беше креирана со најновите верзии на DALL-E и GPT (Generative Pretrained Transformer) и овозможи пристап до најмоќните технологии на вештачка интелигенција достапни во тој момент. Активацијата им овозможи на потрошувачите да ги користат најиконичните креативи на Coca-Cola и да дизајнираат вистински магична уметност. Имаше повеќе од 120.000 пријави за само 11 дена, а дизајните на најдобрите креатори беа вклучени вопознатите билборди на Coca-Cola поставени на Тајмс Сквер и Пикадили Циркус.
– Ако брендот е ветување што им го давате на вашите потрошувачи, тогаш ветувањето што го дава Coca-Cola e оптимизам, добро расположение, споделување среќни моменти со најблиските. Таквото чувство не познава граници и многу ми е драго што и AI го препознава – вели Мартин Атанасовски, маркетинг-директор во The Coca-Cola Company.