Изгледа дека фановите на Samsung ги очекува жешко лето, бидејќи компанијата треба да претстави голем број нови производи. На очекуваната презентација на 10 јули, сигурно е дека ќе ги видиме новите преклопни смартфони Galaxy Z Fold6 и Flip6, а се очекуваат и нови лаптопи, слушалки и часовници.
Меѓу новите паметни часовници треба да биде и Galaxy Watch Ultra, прв таков уред на јужнокорејската компанија. Сега, на помалку од еден месец пред евентуалната премиера, сведоци сме на нови гласини поврзани со овој премиум носечки уред.
Се чини дека цената на Galaxy Watch Ultra во САД би можела да изнесува околу 700 долари, што е околу 100 долари помалку од Apple Watch Ultra 2. На тој начин, овој модел би бил значително поскап од Watch 5 Pro од 2022 година.
Сето ова значи и дека Galaxy Watch Ultra би можел да има цени во согласност со денешните паметни телефони од високата класа. Се чини дека моделот нуди издржлива титаниумска шасија, водоотпорност 10ATM, MIL-STD-810H сертификат и батерија од 590mAh. Galaxy Watch Ultra ќе има 1,5-инчен AMOLED дисплеј со максимална осветленост од 3.000 нита.