Samsung Galaxy S25 може да биде опремен само со Snapdragon чипови поради проблеми со процентот на исправни Exynos 2500 процесори во процесот на производство од 3nm
Беше само прашање на време кога ќе почнат гласините за тоа како следниот Galaxy S флегшип ќе користи исклучиво Qualcomm Snapdragon чипови , а сега овие гласини и се проширија. Според аналитичарот Минг-Чи Куо, „Qualcomm веројатно ќе биде единствениот снабдувач на чипсети за следната Galaxy S25 серија телефони на Samsung“. Aналитичарот наведува дека недостатокот на Exynos варијанти на процесори е последица на понискиот принос на исправни чипови од очекуваното за 3nm процес на производство, што ќе се користи за следниот флегшип Exynos чип – Exynos 2500.
За Galaxy S24 серијата, Qualcomm испорача околу 40 проценти од чиповите. Само Galaxy S24 Ultra го користи Snapdragon 8 Gen 3 чипот на Qualcomm во верзијата за сите светски пазари. Exynos 2400 ги напојува основните Galaxy S24 и Galaxy S24+ насекаде, освен во САД, Канада, Кина и Јапонија.
Qualcomm will likely be the sole SoC supplier for the Samsung Galaxy S25 (vs. 40% for the S24), as the Exynos 2500 may not ship due to Samsung's lower-than-expected 3nm yield.
In addition to the significant increase in supply share, Qualcomm's Snapdragon 8 Gen 4 will see a price…
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) June 17, 2024
Во текот на речиси 15 години производство на телефони со Android, единствениот пат кога Samsung ги напушти Exynos чиповите за водечкиот модел во Galaxy S линијата беше во 2023 година. Многумина беа разочарани кога беше потврдено дека Exynos ќе се врати со Galaxy S24 серијата, но за среќа, Exynos 2400 се покажа како одличен чип, иако не го достигна Snapdragon 8 Gen 3 на сите нивоа.
Гласините тврдат дека може да се израмни или дури и да го надмине Snapdragon 8 Gen 4 во енергетската ефикасност. Подобрената ефикасност наводно би била резултат на втората генерација 3nm производен процес на Samsung, но сега се чини дека процесот можеби нема да го има посакуваниот принос, односно процентот на исправни чипови не е на задоволително ниво што би ги подмирил потребите на масовно производство на смартфоните на Samsung.
Нормално, би биле среќни да видиме дека Samsung го напушта Exynos, но во овој случај тоа можеби не е добра работа. Гласините велат дека Snapdragon 8 Gen 4 би можел да биде значително поскап од неговите претходници, што би можело да го принуди Samsung да ги зголеми цените на претстојните Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra.
Сето ова се уште рани гласини за Galaxy S25 серијата, така што засега ништо не е сигурно. Многу работи би можеле да се proменат во наредните месеци и можеби нема да ги добиеме вистинските информации за Galaxy S25 уредите дури, се додека не помине лансирањето на Galaxy Z Fold 6 и Galaxy Z Flip 6, пренесува Sammobile.