Веб-прелистувачот Chrome на Google наменет за уредите со оперативен систем Android доби нова функција.
Станува збор за функцијата наречена „Listen to this page“, која и овозможува на апликацијата да ја „чита на глас“ содржината на веб-страницата за корисникот. Оваа нова функција треба да го направи Chrome попристапен и полесен за користење и да овозможи „слушање на содржината на веб-страницата“ кога корисникот е зафатен со нешто друго.
Функцијата не е поддржана на сите веб-страници, но функцијата „Listen to this page“ се наоѓа во менито „три точки“ во горниот десен агол на апликацијата Chrome. На располагање се контролите за play, pause, scrub, change playback speed, skip ahead или behind за 10 секунди. Засега функцијата поддржува англиски, француски, германски, арапски, хинди и шпански јазик.
Различни гласовни опции се достапни за корисниците на секој од поддржаните јазици, вклучително и четири во САД и два во Велика Британија, вклучувајќи акцент на текст. Контролната лента останува присутна при отворање на други табови, а репродукцијата продолжува дури и кога екранот е заклучен со Chrome во преден план.
Новата функционалност полека се шири кај корисниците, така што се работи за тековен процес. Google Assistant веќе некое време може да ја чита содржината на веб-страниците, но новата функција овозможува уште еден начин за тоа.