Веќе беше познато дека дебито на следната генерација на преклопни смартфони на Motorola во Кина е закажано за 25 јуни. Сепак, сега е јасно дека меѓународната премиера ќе се одржи на истиот датум.
Голем број профили на компанијата објавија кратко видео за најава на социјалната мрежа X. Може да се видат два уреда со различни задни облоги и повеќе опции на бои. Очекувањата се дека повторно ќе има два модела, Motorola Razr 50 и Razr 50 Ultra.
Razr 50 Ultra треба да го задржи главниот екран од 6,9 инчи, како и помошниот од 3,6 инчи. Ќе се базира на Snapdragon 8s Gen 3 чипсет и двојна камера од 50 MP. Капацитетот на батеријата може да се зголеми до 4000 mAh.
Intelligence inside and out. Discover more on 06.25.2024. #FlipTheScript pic.twitter.com/y84930QeSc
— motorola (@Moto) June 17, 2024
Razr 50 ќе има поголем надворешен екран од претходникот – 3,63 инчи, а главниот повторно ќе биде 6,9 инчи со Full HD+ резолуција. Овој модел може да се користи Dimensity 7300X чипсет и главна камера во комбинација 50MP + 13MP, а батеријата најверојатно ќе го има истиот капаците како досега, 4200 mAh.
Цените на двата модела може да бидат идентични со оние од моделите од актуелната генерација.