Во текот на викендот, мистериозен монолит се појави во пустината Невада, што поттикна шпекулации за тоа што претставува и кој стои зад него
Структурата била забележана од полицијата во Лас Вегас за време на мисија за пребарување и спасување северно од долината Лас Вегас.
„Гледаме многу чудни работи, но погледнете го ова! Како се појави таму? соопшти полицијата на социјалните мрежи. Висока, правоаголна, рефлектирачка структура е забележана во близина на Гас Пик, област за пешачење во пустината Невада, пишува BBC.
Монолитот наликува на други слични мистериозни објекти кои се појавија низ светот во 2020 година. Исто така, има сличности со оној од култниот научно-фантастичен филм 2001: Одисеја во вселената, во режија на Стенли Кјубрик.
Пред околу четири години, слични предмети се појавија на различни места, вклучително и еден во американската пустина Јута. Во ноември 2020 година, тој беше забележан од пилот на хеликоптер. Отприлика во исто време, еден бил пронајден во Романија, како и еден во Калифорнија и на островот Вајт во Англија.
Уште еден монолит се појави на врвот на еден рид во Велс во март. Очевидци велат дека скулптурата изгледала совршено исправено. Засега не е познато кој ги поставува овие необични предмети.