Иако сопствениците на постарите iPhone нема да имаат пристап до Apple Intelligence, iOS 18 носи голем број нови функции на сите уреди што го поддржуваат iOS 17
Apple најави сет нови AI функции под називот Apple Intelligence, кој ќе користи генеративна вештачка интелигенција директно на уредите за да го подобри корисничкото искуство на iPhone, iPad и Mac. Овие функции ќе бидат достапни само на најновите модели на iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max, како и на Mac и iPad со M1 или понови чипови.
Ограничувањето на компатибилноста предизвика многу прашања кај корисниците. Во врска со тоа, во текот на шоуто во живо од WWDC 2024, Џон Грубер од Daring Fireball разговараше со Џон Џанандреa, раководител на AI и машинско учење, Грег Јосвијак, раководител на маркетинг и Крег Федериги, раководител на софтверско инженерство во Apple за да ги разјаснат причините за ова ограничување.
Џанандреа објасни дека овие модели се исклучително тешки во однос на компјутерската моќ. „Заклучоците, или водење на големи јазични модели во реално време, се екстремно пресметковнo скапи. Потребна е голема пропусност на уредот, големината на невронскиот мотор на Apple и моќта на уредот да ги извршува овие модели доволно брзо за да бидат корисни“, изјави Џанандреа.
Грубер праша дали ова е само начин да се продаваат нови модели на iPhone, на што Грег Јосвијак одговорил: „Не, воопшто. Во спротивно, би биле доволно паметни да го направиме ова за нашите најнови модели на iPad и Mac, нели?“
Крег Федериџи нагласи дека Apple секогаш се труди прво да донесе нови функции на постарите уреди што е можно повеќе. „Ова е хардверот потребен за да се користат модели од оваа моќ на iPhone“, додаде Федериги.
Моделите на iPhone 15 Pro користат чип A17 Pro, кој има 16-јадрен Neural Engine и може да изврши речиси 35 трилиони операции во секунда, што е двојно побрзо од чипот A16 во моделите iPhone 15 и iPhone 15 Plus. Федериги, исто така, навести дека RAM меморијата е клучен фактор за новите карактеристики на вештачката интелигенција, што значи дека сите уреди компатибилни со Apple Intelligence имаат најмалку 8 GB RAM.
Иако сопствениците на постарите iPhone нема да имаат пристап до Apple Intelligence, iOS 18 носи голем број нови функции на сите уреди што го поддржуваат iOS 17, вклучувајќи го и iPhone XR од 2018 година. За оние кои сакаат Apple Intelligence и немаат iPhone 15 Pro, се препорачува да ја почекаат серијата iPhone 16 која ќе започне кога iOS 18 ќе излезе наесен.