Во новото истражување на американските научници беше објавено дека илјадници тони замрзната вода се откриени на врвот на вулкан на Марс.
Истражувачите се фокусираа на областа на вулканите Тарсис, кои се највисоки во целиот Сончев Систем. Овие планини се наоѓаат на екваторот на Црвената планета, а важноста од откривањето на водата во замрзната состојба (150.000 тони) е голема бидејќи водата е основен показател за можноста за живот, сметаат научниците.
Замрзнатата вода прв ја „забележа“ орбитерот за гас на трага EkoMars (TGO) на Европската вселенска агенција.
Водечкиот автор на новата студија е д-р Адомас Валантинас, а тој и неговите колеги од Универзитетот Браун во трудот наведуваат дека постои еден вид мраз кој прво се кондензира на планините на Марс, а потоа испарува кога температурите се зголемуваат. Циклусот се јавува на ниво на еден марсовски ден.
„Можно е она што го набљудувавме да е всушност остаток од антички климатски циклус на Марс, каде што во минатото имаше дожд, а можеби дури и снег во вулканската област што ја набљудувавме и анализиравме“, рече Валантинас.
Тарсис е огромно вулканско плато кое се протега на илјадници километри. Подигнат е во споредба со остатокот од Марс со просечна височина од околу 10 километри над просечната висина на планетата.
Регионот во минатото бил вулкански активен, а јамите, како оваа неодамна фотографирана, се директен резултат на таа активност.
Научниците неодамна објавија дека течна вода е присутна на Марс најмалку 200 милиони години.
Студијата е објавена во списанието Nature Geoscience.